Пенал го спаси Јунајтед од уште едно разочарување на „Олд Трафорд“

356

Манчестер јунајтед победи со минимални 1:0 против Лестер во натпревар од петтото коло од англиската Премиер лига, одигран на стадионот „Олд Трафорд“.

Иако без голем дел од стартерите, фудбалерите на Оле Гунар Солскјер се држеа добро на теренот и ги спречија гостите да создадат нешто опасно надвор пред голот на Де Хеа. „Црвените ѓаволи“ поведоа рано на натпреварот, откако Маркус Рушфорд (8 ‘) бешепрецизен од пенал.

Во вториот дел, двата тима пропуштија неколку опасни позиции, а единствениот стрелец на голот ја погоди и гредата по одличниот удар од слободен удар.

Така Јунајтед забележа втора победа од почетокот на сезоната. „Црвените ѓаволи“ се најдоа на четвртото место во привремениот пласман со 8 поени,колку што имаат Тотенхем и Челзи.

Лестер го забележа својот прв пораз од почетокот на сезоната и исто така е со 8 бода.

Резултати од Премиер лигата:

Ливерпул – Њукасл 3:1
Брајтон – Барнли 1:1
Манчестер Јунајтед – Лестер 1:0
Шефилд Јунајтед – Саутемптон 0:1
Тотенхем – Кристал Палас 4:0
Вулверхемптон – Челзи 2:5.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...