Пеле повторно во болница

107

Легендарниот Пеле е повторно хоспитализиран и подложен на нова операција. Во клиника во Сао Паоло, кралот на фудбалот бил подложен на отстранување на камен од бубрезите.

– Утрово беше направена операција за отстранување на камен од бубрезите на Пеле. Постапката помина успешно, а пациентот е сместен во неговата соба на клиниката – соопштија оттаму.

Пеле ќе остане под медицински надзор уште некое време. Засега, неговата состојба е дефинирана како добра.

Како што е познато, 78-годишниот Бразилец неодамна имаше здравствени проблеми додека го посети Париз, каде што исто така беше хоспитализиран

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...