Интензивен топлотен бран ќе ја запржи Европа наредните денови, а се очекува да бидат срушени и многу температурни рекорди.
Се очекува топлотниот бран да биде најтежок од денес до петок, кога во подрачјето на Шпанија до Полска ќе има температури од 11 до 17 степени поголеми од вообичаените. Ќе биде од 35 до 40 степени.
– Топлотните бранови се тивки убијци. Поради еден таков во 2003 година животот го изгубија 70.000 лица. Минатото лето во Германија имаше најмалку 1000 смртни случаеви – напиша климатскиот научник Стефан Рамсторф.
Шпанскиот метеоролог Силвија Лаплана вели дека „пеколот доаѓа“.
Во петок во Мадрид температурата ќе биде 40,6 степени, што ќе биде најголемата температура забележана до сега во градот.
Слични температури може да очекува и Париз, каде се предупредува од жештините.
Според францускиот метеоролог, Франција во петок ќе добие нова рекордна температура од 45 степени, што ќе го сруши рекордот од 2003 година со 44,1 степен.
ФОТО: EPA / GIAN EHRENZELLER