Педофил кој сексуално злоставувал бебиња почина во британски затвор

Триесет и двегодишниот Џеред Пери беше опишан како „екстремно опасен“ за деца кога беше затворен во јануари.

162
ФОТО: Медиа Вејлс / Метро

Педофил кој злоставувал бебиња помлади и стари шест месеци, почина помалку од година дена откако е в затвор, пренесува „Метро“.

Триесет и двегодишниот Џеред Пери беше опишан како „екстремно опасен“ за деца кога беше затворен во јануари.

Пери доби 17-годишна затворска казна, а наводно тој се обидел да изврши самоубиство в ќелија и им подлегнал на повредите во болница. Полицијата го истражува случајот.

Инаку, Пери се изјасни за виновен за силување момчиња и девојчиња кои немале ниту една година. Тој потекнувал од многу религизона средина и почнал да гледа порно филмови од многу рана возраст.

Најпрво Пери гледал само филмови за возрасни со лица постари од 18 години, но потоа почнал да пребарува фотографии и од деца.

Обвинетиот почнал да користи дрога и бил опишуван како човек кој сака да контролира и да манипулира.

Покрај малолетниците, тој е обвинет и за сексуален напад врз дете помладо од 13 години.

ФОТО: Медиа Вејлс / Метро

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...