Џефри Епстајн, американскиот милијардер и сексуален престапник, помеѓу останатото, обвинет за подведување малолетни девојки, својот „островски рај“ на Карибите го купил пред повеќе од 20 години.
Но, неговата карипска адреса, со тек на време, поради работите што таму наводно се случувале, заслужила многу позлогласни прекари: „остров на гревот“, „остров на оргиите“ или „педофилски остров“.
„Литл Ст. Џејмс“, кое Епстајн си го нарекувал „Little St. Jeff“ се наоѓа на архипелагот Девствените острови. Се протега на 28 хектари, а наводно го посетиле многу припадници на светската елита. На островот, наводно поради сексуални игри, редовно биле доведувани и малолетни девојки.
На островот може да се дојде само со хеликоптер или со брод. На него се изградени неколку зданија. Од нив со површина најголема е самата вила со тиркизен покрив, опкружена со помали куќи, но најнеобичната градба е подигната на осамениот дел на островот. На прв поглед потсетува на храм, ѕидовите ѝ се обоени во бели и интензивни сини ленти, а терасата ја красат мотиви на лавиринт.
Градбата имала и златна купола, но ветерот ја однел. Некои се сомневаат дека токму во тој објект се одржувале оргии со малолетнички, други тврдат дека станува збор за музичка, акустична изолирана соба во која сопственикот свирел клавир. Трети велат дека можно е таму да се крие вратата на некој подземен комплекс и дека има некој дополнителен влез.
FOTO: Tviter/Printskrin
FOTO: Jeffrey Epstein/2011 police mug shotPalm Beach County Sheriff’s Office