Новите судски записи покажуваат дека милионерот Џефри Епстајн, кој бил вклучен во сексуалниот скандал во врска со подведувањето на малолетнички, потпишал тестамент само два дена пред да си го одземе животот во затворот на Менхетн.
Записите покажуваат дека неговиот имот вреди повеќе од 577 милиони долари, но не се наведуваат детали за наследниците.
Адвокатската компанија ја потврдила автентичноста на тестаментот, кој прво бил објавен во „Њујорк пост“.
Неколку наводни жртви на Епстајн најавиле дека ќе бараат неговиот имот како надомест да се подели на сите лица за кои е докажано дека ја трпеле неговата тортура.
Адвокатот на Епстајн, Вилијам Блум, рекол дека сите барања во врска со распределбата на имот на милионерот ќе бидат „праведно решени“.