Уапсениот педофил, милијардерот Џефри Епстајн, своевремено го запознал Доналд Трамп, тогашниот колега милијардер од Њујорк, со згодната словенечка манекенка Меланија Кнавс, која набрзо ќе му стане трета сопруга!
Како што пренесува „Њујорк тајмс“ повикувајќи се на извори кои сакале да останат анонимни, Епстајн пред многубројните пријатели се фалел дека токму тој му ја „наместил“ Меланија на Трамп.
Еден од нив е бизнисменот Џорџ Хурани, првиот човек на „Американ дрим ентерпрајз“, кој бил многу близок со Епстајн и кој во 1992 година организирал раскалашена забава во одмаралиштето Мар а Лаго на Трамп на Флорида. На таа забава, покрај 28 секси манекенки за костими за капење, единствени гости биле токму Епстајн и Трамп.
– Го договорив доаѓањето на неколку девојки. Ги прашав кој сè доаѓа на забавата бидејќи имам 28 манекенки. Ми рекоа дека тука се само тој и Епстајн. Му реков: „Доналд, ова требаше да биде забава за ВИП клиенти, а ти ми зборуваш дека тука сте само вие двајца.“ Бев изненаден – рекол Џорџ Хурани.
Хурани истакнал дека го предупредил Трамп за Епстајн и дека мора да му го забрани доаѓањето на настаните кои тој ги организирал.
„Трамп не беше премногу загрижен. Му реков дека Џефри одлично го познавам и дека не можам да му дозволам да биде со малолетничките. Трамп ми возврати дека тој гарантира.“
Интересно е тоа што Хурани со години бил во врска со Џил Харт, која го обвини Трамп дека сексуално ја вознемирувал, што американскиот претседател го демантираше.