Шилегов ќе ги контролира инспекторите со џи-пи-ес

233

Педесеттина комунални инспектори и редари ќе бидат следени со џи-пи-ес за Град Скопје да има увид во нивната работа. Со ова, градоначалникот Петре Шилегов смета дека ќе се спречат злоупотребите и лажните извештаи од инспекторите и ќе се засили контролата.

– Град Скопје планира инспекциските служби да ги опреми со ГПС со цел зголемување на нивната заштита, како и оптимизација на работата на инспекторатот и подобрување на ефикасноста. Процедурата е во тек и повеќе детали би биле познати по нејзиното завршување. Првично е предвидено со ГПС да бидат опфатени околу 50 комунални инспектори и редари – велат од Градот за Плусинфо.

Според првичните информации, џи пи есот ќе биде ставен во мобилните на инспекторите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...