ПДТ: Реформската Влада ја врати Македонија на Европската мапа

125

Партијата за Движење на Турците со големо задоволство и радост ја прими веста за добиената безусловна препорака од страна на Европската Комисија за почеток на преговорите за полноправно членство во Европската Унија.

Ваквиот позитивен исход е резултат на посветената и енергичната работа на Владата на Република Македонија, која со успешното спроведување на 3-6-9 акцискиот план се враќа во многу посакуваниот европски колосек.

Партијата за Движење на Турците смета дека ова е историски успех за нашата земја, кој наскоро ќе биде заокружен со успешна евро-атлантска интеграција. ТХП, како најголемиот политички субјект на граѓаните од турската етничка заедница и во престојниот важен период ќе продолжи максимално да придонсеува за успешна реализација на евроинтеграциските процеси. Веруваме дека Македонија и нејзините граѓани не само географски, туку и со сите вредности припаѓаат на големото европско семејство.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...