Централниот oдбор за активирање на Партијата за демократски просперитет (ПДП) со посебно внимание и грижа ги следи корупциските и криминални скандали на претставници од одредени владини и државни институции. Одборот смета дека скандалите го потврдуваат тоа што веќе на сите граѓани им е јасно дека оваа власт не само што не успеа да го реформира судскиот систем, туку даде голем придонес тој да се распадне целосно со упад во системот преку измислен систем на неправда наречен помирување преку селектирана негативна амнестија.
„Тој систем докажа дека во Република Северна Македонија тие што имаат политичка моќ, тие што имаат пари и имаат можност да го кријат криминалот се секогаш аболирани за криминалните дејствија. Случајот ‘Рекет’ не е ништо ново туку продолжување на тридецениска кражба на народниот имот и меѓусебното амнестирање од челниците на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и нивните албански профитери кои биле на заедничка власт со нив. Граѓаните веќе се научени со афери од типот ‘Сина птица’, ‘Дувло’, приватизација, ТАТ и црните вреќи и министри кои ноќум шетале со тренерки со вреќи полни со пари пред очите на полицијата, нелегални прислушкувања, премиери азиланти, и што не друго. Крајно време е одговорните за злодела кон имотот на граѓаните да се најдат и да одговарат пред правдата: опозицијата дефинитивно да престане да го брани криминалот додека власта да престане да го минимизира ефектот на криминалните дела врз негативните импликации кон ЕУ и НАТО интеграциите“, соопшти Централниот oдбор за активирање на Партијата за демократски просперитет.