ПБС: Заев стравува дека Владата ќе падне ако не добиеме датум

647

Според премиерот Зоран Заев евентуалното недобивање на датум за преговори со Европската унија може да ја урне Владата. Ова Заев го изјавил во интервју за американската јавна радио станица ПБС.

Зборувајќи за Договорот од Преспа, тој додава дека е горд, но дека се горди и неговите деца и неговите пријатели.

– Со тоа помогнав мојата земја да биде дел од модерниот европски и демократски свет – додава тој.

Во врска со Европската унија тој вели дека Македонија направила се од своја страна, и дека ЕУ сега треба да испорача одлука каква што земјава заслужува.

Новинарот Кристофер Лајвсеј вели дека премиерот Заев е загрижен дека одложувањето на датумот за преговори може да ја загрози коалицијата во парламентот, но и да ја урне Владата.

–Да, секако. Мнозинството ќе биде целосно загубено – вели тој во неформален разговор со новинарот.

На прашањето „Значи влоговите се високи?“, премиерот додава:

-Да, многу високи.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...