Барбара Стрејсенд ја разбесни јавноста со изјавата за Вејд Робсон и Џејмс Сејфчек кои во документарниот филм „Напуштајќи го Неверленд“ го обвинија кралот на поп музиката Мајкл Џексон за сексуално злоставување.
76-годишната пејачка и актерка во интервју за “The Times of London” изјавила дека тие двајца „биле воодушевени што се таму“ и дека, што и да им се случило, „не ги убило“.
– Може да се каже дека се „злоставувани“, но тие деца, како што слушнавте, биле воодушевени што се таму. И двајцата се оженети и имаат деца така што тоа не ги убило – изјавила Барбара.
Но, не застанала со бизарните изјави. Таа додала и дека „жали за нив двајца како и за Џексон“ и изјавила дека „сексуалните потреби на Мајкл биле негови сексуални потреби“ и дека вината треба да се бара кај родителите на жртвите. Вели и дека верува во наводите на Робсон и Сејфчек.
– Неговите сексуални потреби биле негови сексуални потреби, генетски предизвикани или од детството кое тој го имал. Жал ми е за децата, жал ми е за него. Ги обвинувам родителите кои им дозволиле на децата да спијат кај него – вели пејачката.
Пејачката сметка и дека родителите на Робсон и Сејфчак овозможиле нивните синови да бидат злоставувани.
„Не ги убило, Барбара дали навистина го кажа тоа?!“, напишал режисерот на филмот Дан Рид на Твитер, а нејзините изјави покренале лавина од коментари на социјалните мрежи.
„Ми се гади од ова, тешко ми е во желудникот“, „За мене е готова. Засекогаш“, „Ќе ги запалам нејзините плочи по ова“, се само дел од коментарите.