Во текот на вчерашната вечер ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со СВР Скопје започна ноќна акција за отстранување на непрописно паркирани возила на најфреквентни локации во Капиштец и Дебар Маало.
Со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ, најголем број непрописно паркирани возила се санкционирани во близина на ноќните локали и кафеани, каде има најголем број на непрписно паркирани возила кои го предизвикуваат нередот во доцните часови.
Оваа мерка континуирано ќе се спроведува со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.