Пајак на ЈП ПОЦ за пет дена кренал 189 возила во Центар

133

Со помош на трите специјални возила „пајак“ на јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“-Скопје на територија на Општина Центар отстранети се 189 возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот во текот на минатата недела – информираат од ЈП ПОЦ.

Сообраќајната полиција и „пајак службата“ на ЈП Паркинзи на Општина Центар, од 3. до 8. декември годинава, санкционираа 189 непрописно паркирани возила, од кои осум несовесно паркирани возила се отстранети од паркинг места наменети за лица со посебни потреби.

ЈП ПОЦ и Општина Центар апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...