„Пајакот“ се опари на „Црн петок“

Полицијата соопшти дека „пајакот“ синоќа подигнал 21 моторно возило, а биле врачени се 26 мандатни платни налози

1874

Дел од граѓаните кои синоќа пазаруваа во ТЦ „Сити Мол“ на „Црниот петок“ дополнително мораа да платат и казна за погрешно паркирање. Полицијата соопшти дека синоќа во периодот од 19 до 23 часот презела мерки за регулирање на сообраќајот и казнила  23 возач за погрешно паркирање.

Полицијата соопшти дека „пајакот“ синоќа подигнал 21 моторно возило, а биле врачени се 26 мандатни платни налози и тоа: седум платни налози за паркирани возила на коловоз, седум платни налози за паркирани возила на тротоар, зеленило и дванаесет платни налози за паркирани возила на автобуско стојалиште.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...