Во Општина Центар во минатата недела „пајакот“ подигнал 188 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, соопшти Општината.
– Сообраќајната полиција и „пајак службата“ на ЈП Паркинзи на Општина Центар, во периодот од 17.12. до 22.12.2018 година, санкционираа 188 непрописно паркирани возила, од кои две (2) возила биле затекнати на паркинг места за лица со посебни потреби.
Апелираме до граѓаните да ги почитуваат прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните одбележани паркинг места со цел да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците, стои во соопштението.