„..Молчете! Честа е спасена. Праведниците ја осветија крвта на масакрираниот сириски народ од страна на лошиот Башар…“ запиша францускиот аналитичар Антоан де Лакост, по воздушната интервенција на трите западни сојузници во Сирија. Со сличен тон се и останатите аналитичари и политичари кои го осудија унилатерализмот на Франција, В.Британија и САД врз Сирија.
По завршувањето на „истрагата без истрага“ која беше исто толку „длабока и темелна“ како онаа за оружјето за масовна деструкција на Садам, пресудата беше донесена: „Единствени кривци се Асад и Русија“, иронично изјави пратеникот од опозицијата на Франција, Жан Лук Меланшон. Извесно е но и нелогично дека сиријскиот режим го нападнал последниот неослободен кварт на Дамаск-Дума со хемиско оружје. Овој дел сеуште беше под контрола на исламистите иако беше јасно дека набргу и тој ке падне..“ забележува парискиот портал Булевар Волтер.
Сатирични се и забелешките на Директорот на познатиот медиум, Медиапарт Едви Пленел кој го интервјуираше Председателот Макрон. „Се надевам дека поседувате убедливи докази за кривицата на Башар кои еден ден ке ни ги покажете“.
Се тресеше гората-се роди глувче
За француските аналитичари кои со почит му одаваат омаж на легендарниот творец на Петтата република Де Гол кој никогаш не „им попушти на Американците“ неприфатлива е толкавата послушност кон Белата Куќа. „Големиот шеф на тројката, Д. Трамп веке го откри главниот кривец тоа е „животното Башар“ го цитираат француските медиуми американскиот председател. Кога газдата така тврди, тогаш мора да му се верува! За наша среќа, Тони Блер не е повеке тука, но за секој случај тука беше Британија која секогаш е присутна кога треба да му се каже „да“ на Вујко Сам. Но да не се збуниме , не сме во Ирак 2003, ниту во Сирија 2013 кога американските и француските јастреби сонуваа да ја уништат сириската армија. Во меѓувреме во Сирија се случија Путин, Иран и ДАЕШ кои го нарушија геополитичките односи на на силите на Блискиот Исток. Инаку во геополитиката Сирија е еден вид блискоисточен hertland, врз чиј простор се судираат интересите на бројни големи и средни држави. Од тука е разбирлива заинтересираноста на Трамп, Меј и Макрон да не го пропуштат „саботниот утрински бал“ со нивните моќни ракети „рафали, миражи и фрегати“.
Освен Макрон не е многу покомотна и позицијата на британскиот премиер Тереза Меј. Британците кои бомбардираа една стара ракетна база, во западен Холмс, пукаа во празно. На сите им беше јасно освен на нашите генерали дека никој не складирал нешто а најмалку хемиско оружје во старата војна база „Се тресеше гората се роди глувче“ истакнуваат од британската опозиција.. Впрочем 97 отсто од сириските жртви не паднаа од хемиско туку од конвенционално оружје. Саботниот напад, сиријците го нарекоа „трипартитна агресија“ слично како што во 1956, Насер го нарече нападот на британско-франко-израелско трио врз Суез.
Критики кон Макрон и Меи кои пристигнаа од страна на пратениците најчесто се однесуваат на легитимноста односно нелегитимноста на бомбардирањето, на кршењето на меѓународното право и неинформирањето на пратениците за престојната акција. Ниту Макрон ниту Меи не ги удостоиа да ги информираат најмалку три дена пред воената операција, иако тоа е и нивно лично право но и вид политичка деонтологија. Според Мари Ле Пен, „од минатата сабота Макрон ги утврди црвените линии. Неговото кредо е : никогаш не ги почитувај правилата. Впрочем Французите испукаа само 12 ракети врз еден центар за истражување кој веке бил контролиран од страна на ООН. Шефот на опозицијата, Мари Ле Пен смета дека Макрон се изгубил во сириската криза:“ тој заборави кој се главни непријатели на Франција. Сирија не е наш непријател туку организацијата-Исламска држава(ДАЕШ/ИСИЛ).Впрочем и неговите предходници наивно не подучуваа дека Ал Нусра биле добри палави момци..но не излезе така. Сега треба да ни каже на сите нас, која од бунтовничките групи ги помага Франција.. истакна Ле Пен.
Умерениот ДС на САД Матис
Сосема е поинаква приказната за ДС за одбрана на САД Генерал Матис. Додека се случуваа настаните од аферата Скрипал а потоа и хемискиот напад во Дума, Генерал Матис изјави дека „не поседува докази дека зад хемискиот напад се сириските сили“. На тој начин се доби впечаток дека плановите на неоконзервативните јастреби веке се неутрализирани. Воедно за време на нападите врз празните складишта во 4 часот наутро, Матис инсистирал врз „хируршкиот прецизен зафат“ за да се избегнат непотребните колатерални штети. По бомбардирањето кај јавноста останат една сериозна дилема: Дали Трамп претходно ги информирал Русите? Евидентни е дека Трамп им се обрати на Русите и Иранците дека е крајно време да му пристапат на „цивилизираниот свет“ и дека мисијата била центрирана врз „хемиските оружја“ .Тоа не беше инвазија , а Матис побрза да истакне дека „се работи за еден единствен напад“. За американските новинари оваа операција беше само „фрлање пудер во очите“ наменета да го заштити Трамп од политичко-правните проблеми. Меѓу американските политичари, Берни Сандерс, слично на своите бројни колеги овој настан го оценија како „илегален“, бидејки бил преземен без одобрување на Конгресот и тоа против држава која воопшто не им се закануваше на САД. Скепички политичари, скептички новинари.
Нивниот скептицизам беше евидентен и за време на пресовите на порт-паролите на Пентагон кои се најдоа во неповолна состојба. Тие не успееа да го задоволта куриозитет на американските новинари. Засега единствени се знае дека, „ке нема втор напад“, „дека не е предвидено заминување на Асад кого Русите ке мора да го дисциплинираат“, „дека американските маринци набргу ке се повлечат од Сирија“, но дека сепак „се ке зависи од однесувањето на Асад“. Централното прашање за „доказите“ беше маргинализирано а слично на Обама кој 8 години им одолеваше на неоконзервативците и Матис и Трамп попуштија и одглумија дека прават војна против Сирија. Војната не траеше ниту еден час. На толку испукан материјал не загина ниту еден човек, бидејки се бомбардираа ненаселени места. На тој начин и стравувањата дека ке се обнови мигрантската балканска рута нема да се остварат.