ОБНОВЕНО: Пациент претепа лекар во Тетово, докторот во бессознание донесен на Неврохирургија

Ја чекаме снимката од компјутерската томографија, по што ќе решиме дали и што ќе преземеме во лекувањето. Пациентот сега е во свесна, стабилна состојба и прима симптоматска терапија, ни изјави д-р Владимир Рендевски, в.д. директор на Клиниката.  

2219

Лекарот од Тетово, кој бил тешко претепан од пациент, во бесвесна состојба итно е пренесен во Скопје, бидејќи во тетовската болница не работел апаратот за компјутерска томографија. Ова снимање е направено на скопските клиники.

– Колегата не беше свесен кога го прегледував, а бидејќи не работеше апаратот во Тетово, мораше итно да биде пренесен во Скопје, каде е задржан на Неврохирургија. Имаше тешки повреди – рече д-р Сулејман Ордаи, неврохирург во тетовската Клиничка болница.

Тетовската полиција го потврди инцидентот, во кој насилникот утрово дури двапати се враќал да го удира лекарот – дерматовенеролог.

Обновено

Од Универзитетската Клиника за неврохирургија велат дека само што го примиле колегата од Тетово на одделот.

– Ја чекаме снимката од компјутерската томографија, по што ќе решиме дали и што ќе преземеме во лекувањето. Пациентот сега е во свесна, стабилна состојба и прима симптоматска терапија. Ги следиме сите витални параметри, ни изјави д-р Владимир Рендевски, в.д. директор на Клиниката.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...