Портпаролот на Пентагон, Ерик Пахон, изјави дека НАТО се залага за слобода, демократија и колективна безбедност и дека земјите, како што се Северна Македонија и Црна Гора , кои ги споделуваат овие вредности, „се знак на успехот , а не на тензии“.
Запрашан дали и во која мерка зачленувањето на Северна Македонија во НАТО ќе ги зголеми тензиите меѓу Запад и Русија, Пахон за подгоричкиот весник „Побједа“ кажа дека САД се загрижени заради постапките на Русија која се вмешува во евроатлантскиот пат што го избраа земјите од Западен Балкан.
– Северна Македонија силно придонесува во мисиите на НАТО , како и во регионалните иницијативи за засилување на соработката и безбедноста на Западен Балкан. Русија настојува да ги спречи земјите, како Северна Македонија и Црна Гора, да го изберат својот пат преку агресивно однесување и застрашување – пренесе РТЦГ.
Американскиот функционер истакнува дека САД одамна имаат покажано непоколеблива посветеност кон ситуацијата во Западен Балкан.
– Тоа е приказна која често не се нагласува, додека Русија во минатото правеше се за намалување на нашиот придонес, рече портпаролот на Пентагон.