Патриотизам

Патриотизмот ни припаѓа и е една од најубавите емоции. Апослутно и безрезервно ни припаѓа на сите нам, кои татковината си ја љубиме искрено и чесно, кои се бориме за слобода и за права, за вредности и за правда, за основната идеја - сите криминалци да завршат зад решетки, оти без тоа нема напред.

3602

Една од нашите клучни обврски како генерација е да си го вратиме назад значењето на зборот „патриотизам“, збор испоганет токму од оние кои најбезобразно го злоупотребија.

Широчина е тој збор, бескрај е.

Затоа, лесно е да се скриеш во него и потоа во името на наводната љубов кон татковината, така засолнет, ѕверски да ја парчосуваш одвнатре, да го закрвиш и да го поделиш народот, додека полниш џебови со пари, а усти со лажни обвинувања за одродување. Лесно е, ама е крајно лицемерно и токму тоа е врвно предавство на државата, на татковината, на родољубието.

Со нарекувањето на оваа (за мене сѐ уште докрај неразбрана) идеја Македонија да се уништи – „патриотизам“, овој збор доби сосема друго значење, си стана сопствен антоним. Своевиден срам.

Тоа не смееме да го дозволиме. Патриотизмот ни припаѓа и е една од најубавите емоции.
Апослутно и безрезервно ни припаѓа на сите нам, кои татковината си ја љубиме искрено и чесно, кои се бориме за слобода и за права, за вредности и за правда, за основната идеја – сите криминалци да завршат зад решетки (без разлика на кој партиски лидер или бизнис-Бог се молат), оти без тоа нема напред, за демократија и за одговорност, за институции и за систем, за достоинствено здравство и образование, за инвестиции во културата и за заштита на наследството, за подобар стандард и социјална грижа, за национални победи, мали и големи, ама наши, заеднички победи – во науката, во спортот, во музиката, за натпревар меѓу народите каде што ред е бре луѓе и ние да учествуваме, ама и да победуваме… Конечно, за сето она што навистина значи патриотизам во векот во којшто живееме!

Честит празник патриоти и горди граѓани на Републиката!

(ФБ статус на авторката)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...