Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска информира дека патот Приштина-Скопје, на потегот меѓу Качаник и Генерал Јанковиќ, ќе биде пуштен во промет најверојатно на 1 јуни, јави дописникот на МИА од Приштина.
На конференција за медиуми по денешната владина седница, Харадинај изјави дека според информацијата што ја добил од министерот за инфраструктура Паљ Лекај, работите на овој пат ќе завршат до 1 јуни, бидејќи се работи во две смени.
Овој пат беше затворен на 8 мај со цел да се решат проблемите со местата каде што често има одрони, а првично се најавуваше дека работите ќе траат еден месец.