Еден од најпосетуваните македонски зимски ски-центри Попова Шапка буквално тоне во ѓубре. Како што може да се забележи од фотографијата што денеска ја објави корисник на социјалната мрежа Фејсбук, на главниот пат кој води директно кон стазата за скијање, на местото Сончев брег, истурена е огромна количина отпад.
Се обидовме да исконтактираме со градоначалничката на Општина Тетово, Теута Арифи, но неуспешно. Коментар за проблемот не добивме ниту од тетовското Комунално претпријатие.