Патничко возило удрило во камион кој растурал сол кај Демир Капија, има повредени

422

Патничко возило удрило во камион на „Македонија пат” на автопатот Гевгелија-Скопје кај Демир Капија, кој растурал сол, за МИА потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

– Во моментов се врши увид на лице место. Пристигнала и брза помош, повредени најверојатно има, но засега не се знае колкумина се здобиле со повреди и за какви повреди станува збор – рече Додевски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...