Патнички воз кој сообраќал на релација Кичево–Скопје удрил во стадо овци и усмртил осум од нив. Ова го соопшти Министерството за внатрешни работи.
– Тој бил управуван од машиновозачот Л.Р.(55) од Скопје. По тргнување на возот од стојалиште „Сарај“ во правец кон железничка станица „Ѓорче Петров“ на отворена пруга пред влезниот сигнал удрил во стадото. Повредени лица и оштетување на возот нема. Случајот бил пријавен вчера во 07.15 часот – велат од МВР.