Патници спасувале глава скокајќи од авион на аеродромот во Дизелдорф ВИДЕО

4134

Патниците од авион на компанијата „Пегасус“, Боинг 737-800, попладнево итно биле евакуирани откако авионот слетал на аеродромот во Дизелдорф. Патниците во паника се фрлале од авионот за побрзо да се симнат.

Според информациите, евакуацијата била наредена поради прегревање на сопирачките и забележани искри од тркалата на леталото.

Чадот го забележале контролорите на АТЦ, кој излегувал од тркалата, па била донесена одлука за итна евакуација на патниците.

„Авионот, на летот PC1003, од Сабиха Гакчен до Дизелдорф, денес слета непречено и безбедно на аеродромот Дизелдорф. За време на приближувањето кон паркирањето, од кулата беше предупредено дека под авионот има пожар и чад. Нашата екипа на летот донесе одлука за итна постапка за безбедност на нашите патници“ соопшти компанијата.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...