Патници носеле дрога во комбе, ги фатиле на Табановце

206

На граничниот премин „Табановце“ синоќа во 22.30 часот  полициски и царински службеници извршиле преглед на патници и автобус „Мерцедес“, сопственост на правно лице од Струга, при што пронашле и одзеле околу 79 грама кокаин и околу 350 грама хероин.

МВР денеска соопшти дека поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, од слобода биле лишени патниците Ф.Г.(42) од Република Албанија, Д.М.(21) од Босна и Херцерговина и Д.П.(42) од Република Србија. Тие биле предадени во Полициската станица Куманово за понатамошна постапка.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...