Патниците сѐ уште не се тргнати за Франкфурт, српската полиција го бара лицето кое пријавило дека има бомба

987

Полицијата потврди дека рано изутринава, околу 6 часот, непознато лице се јавило на белградскиот аеродром и пријавило оти во авионот за Франкфурт има поставено бомба.

– Пилотот ни рече „земете си ги работите и излегувајте, имаме технички проблеми“ – рекол за „Курир.рс“ патник од летот.

Се истражува дали пријавата била лажна, а истовремено се бара и личноста која ја пријавила бомбата.

Патниците сѐ уште не се тргнати за Франкфурт, а „Луфтханза“, чиј авион бил спречен да полета поради дојавата, потврдила за 130 евакуирани патници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...