Патник сведочи: Се блокираше воланот, заедно го вртевме со возачот, но не успеавме

9935

Патник кој седел на третото седиште во автобусот кој вчера имаше стравична сообраќајка на патот Скопје – Тетово, за медиуми раскажал за тоа што доживел. Патникот изјавил дека првично слушнал врева внатре во автобусот и потоа шоферот ја изгубил контролата и излетале од патот.

Според патник од автобусот на „Дурмо турс“, кој во несреќата поминал со полесни повреди најмногу настрадале патниците кои биле во задниот дел од автобусот и на нив им немало спас.

– Не знам што се случи. Бев на третото седиштето и станав кога почнал да се тресе автобусот. Мислев дека на возачот му се слошило, но беше добар и се обидуваше да го исправи автобусотот откако изгуби контрола, но му се блокиралше воланот. Сѐ се случи многу брзо, се обидов да му помогнам и заедно го вртевме воланот, но не успеавме. Кога сфатив дека е доцна само се фатив за нешто за да летнам и тоа беше се – раскажа за 24 инфо патникот Бејтула Муриу врботен во министертвото за економија.

За албански медиуми патникот изрази сочувство за загинатите.

– Во 16.15 часот излеговме од работа од министерство за економија, некаде околу 16.30 тргнавме на пат. Бев седнат во третото седиште на спротивната страна од шоферот и наеднш почна една врева. Јас станав и дојдов до шоферот кога забалежав дека автобусот има проблеми со правецот на движење. После ова автобусот излезе на другата лента на автопатот Тетово – Скопје, за среќа немаше други возила. Се сеќавам на моментот кога автобусот се преврте и потоа кога автобусот застана излегов од прозор. Немам посериозни повреди, изјави патникот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...