Пар тужи банка за сперма од Охајо, барале бебе со сини очи, добиле шок

554
ФОТО: Еспресо

Џенифер Крамблет и нејзината партнерка Аманда Зинкон решиле да имаат бебе, па ја посетиле банката за сперма во Охајо. Тие можеле да бираат каков маж сакаат да биде биолошки татко на детето.

Парот се одлучил за донаторот со број 380, кој имал сини очи, руса коса и бела кожа.

Девет месеци подоцна, Џенифер се породила во болница и доживеала шок. Нејзиното бебе не изгледало како таа го замислувала.

Работник во банката за сперма направил грешка. Тој погрешно го прочитал бројот 380 и го заменил со донаторот со број 330, кој бил Афроамериканец.

Џенифер се соочила со бес, разочарување и страв од тоа да одгледува дете кое не било според нејзините очекувања. Таа била израсната во град во кој немало луѓе со друга боја на кожата освен нејзината. Исто така, Џенифер се плашела дека нејзиното конзервативно семејство нема да ја прифати нејзината ќерка.

Сега таа ја тужи банката за невнимателност и измама. Судењето се очекува да биде завршено до крајот на годината.

Аманда и Џенифер изјавиле дека ја сакаат својата ќерка и ќе направат се таа да биде среќна.

ИЗВОР и ФОТО: Еспресо

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...