Претседателката на Владата на Србија Ана Брнабиќ (43) и нејзината неколку години помлада партнерка, докторката Милица Ѓурѓиќ, наскоро ќе станат родители.
Како што дознава магазинот „Глорија“, а пренесува српски „Блиц“, Милица Ѓурѓиќ се подложила на вештачко оплодување, која поради бременоста веќе неколку месеци не се појавува со Ана Брнабиќ во јавноста, а во Клиничкиот центар на Србија, во Центарот за радиологија и магнетна резонанца, каде што е вработена, велат дека таа зела трудничко боледување.
– Премиерката и понатаму останува при ставот да не зборува јавно за приватните работи. Во секој случај, ви благодариме на убавите желби – рекле за „Глорија“ во кабинетот на Брнабиќ кога им се јавиле да им честитаат на премиерката и нејзината партнерка.
Исто така, во склад со ставот на својата шефица, не можеле да откријат кој пол ќе биде бебето, објаснува „Глорија“.
ФОТО: EPA / HAYOUNG JEON