Партија за движење на Турците: Турците со својот глас ќе придонесат за концептот „заедно напред“

195

Дојде време на 5-ти мај да се демаскира и последниот лик на груевизмот и конечно Република Северна Македонија да добие вистински Претседател кој ќе ја обедини земјава и ќе биде респектиран во целиот свет, соопшти Партијата за Движење на Турците.

– Со изборот на Стево Пендаровски ќе продолжиме со јасни чекори кон стабилна, просперитетна, европска иднина. Турците во Република Северна Македонија секогаш умееле да ги препознаат колективните вредности и да бидат одговорни граѓани, веруваме дека тоа ќе го сторат и на 5-ти мај. Нашата земја веќе е изморена од поделби, омраза, политички кризи. Не смееме да се вратиме назад во мракот! Со таа цел Партијата за Движење на Турците (ТХП) ги повикува сите Турци во Северна Македонија во недела да се одважат и со својот глас да придонесат да добиеме нов Претседател кој ќе нѐ обедини сите и заедно ќе продолжиме напред, стои во соопштението.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...