За праведен, напреден и одржлив компромис и договор што ги почитува приоритетите и чувствителностите на двете страни, говори пратеникот од грчката партија Река, Спирос Данелис, во интервју за МИА, во однос на Договорот од Преспа.
Централно и централно- левичарски ориентираната партија Река ќе го поддржи договорот кога ќе дојде за ратификување во грчкиот Парламент, а Данелис изразува убеденост дека ќе постои парламентарно мнозинство.
Во разговор со дописничката на МИА од Атина, пратеникот од Река кој во 1992 година јавно се постави против протестите и слоганите дека „Македонија е една и грчка“, вели дека со Договорот од Преспа, и двете страни ги добиле оние елементи што ги сметале за најважни, името за грчката страна, државјанството и јазикот за македонската. Додава дека во изминатите 27 години се изгуби огромен политички и дипломатски капитал, а единствено корист имаа квазипатриотите
Данелис порачува дека сега двете земји и двата народи имаат можност „да свртат страница, да ги обединат силите и да живеат како вистински пријатели“ и не треба да чувствуваат пораз, бидејќи единствени поразени се национализмот и безизлезните политики.