Партијата од коалицијата на Ципрас ќе протестира во Атина за „Македонија“

181

Протестите ги покажаа желбата и патриотизмот на Грците, вели портпаролката на Независни Грци, партијата коалиционен партнер во грчката влада.

Мадалена Пападопулу, коментирајќи ги вчерашните собири низ цела Грција, но и најавите за нов протест во Атина, рече дека доколку навистина се одржи, таа лично ќе присуствува, како што учествувала и на минатиот во грчката престолнина.

– Протестите можат да помогнат во еден преговарачки процес. Протестите навистина го покажаа патриотизмот на Грците, душата на Грците и желбата на Грците и на Гркинките да не се користи терминот Македонија или изведените зборови за Скопје – рече Пападопулу и додаде дека на собирите имало луѓе од сите возрасти, од сите општествени степени и од различни професии.

Гостувањето во утринска информативна емисија на грчката телевизија Скај, таа го искористи уште еднаш да го повтори ставот на Независни Грци дека нема да поддржат име со терминот Македонија.

-Она што ние како Независни Грци велиме е дека не можеме да прифатиме употреба на име со терминот Македонија или изведените зборови за Скопје – рече портпаролката на Независни Грци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...