Партијата на Меркел е против датум за преговори во јуни

1097

Партиите на Унијата (ЦДУ/ЦСУ) се против брз почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија за приклучување кон ЕУ. Одлука веројатно ќе биде донесена во октомври, вели Гунтер Крихбаум од ЦДУ, пренесува „Дојче веле“.

„Додека се донесе одлука ќе дојде октомври“, вели претседателот на Комисијата за европска политика на Бундестагот, Гунтер Крихбаум од Христијанско-демократската унија. Тој за агенцијата ДПА оценува дека „сигурно нема да има ништо“ од позитивно изјаснување на 28-те земји членки на Унијата веќе на средината од јуни.

Државниот министер за Европа во германското Министерство за надворешни работи, Михаел Рот (СПД), пак, притиска за брз почеток на преговорите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...