Партијата на Еди Рама разреши 11 претседатели на општински ограноци

244
ФОТО: EPA-EFE /FILIP SINGER

Претседателството на албанската владејачка Социјаистичка партија на денешната седница одлучи да ги разреши претседателите на 11 општински ограноци.

Разрешувањето е поради „неисполнување на задачите и целите, како и негрижата во оние партиски ограноци каде локалната власт ја раководи опозицијата“.

По седницата, одржана без присуство на медиумите, пратеничката Елиса Спиропали најави дека списокот со имињата на сменетите претседатели на општински ограноци ќе биде и јавно соопштен подоцна.

Таа истакна дека ќе има смена и на директори.

– Се прави анализа и на успешноста на диреторите, по што ќе се донесе одлука и за нивно разрешување. Во моментот правиме анализа на раководењето, посочи таа.

Лидерот на партијата и актуелен премиер Еди Рама побарал од секој пратеник да ги идентификува директорите кои не работат како што треба, бидејќи, според него, директорите со лошото раководење и корупција го оцрниле лицето на социјалистите.

Седницата на претседателството на Социјалистичката партија се одржува два дена по апсењето на поранешниот генерален директор на албанските затвори, Арбен Чако и поранешниот пратеник Арбен Ндока.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...