Партијата на европските социјалисти ги повика сите прогресивни партии и сите нејзини партии членки да го поддржат историскиот договор меѓу Македонија и Грција за деценискиот спор околу името и за владите во Атина и Скопје кои го постигнаа.
– Заедно со високата претставничка на Евроската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, сите прогресивни и партии членки во Европа ги разбираме и цениме огромните и неуморни напори и големата посветеност на премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев. Тие на сите ни покажаа храброст и лидерство. ПЕС ја одигра својата улога во поддршката на овие преговори, како што беше видливо на нашата средба во Софија пред три недели – изјави претседателот на ПЕС Сергеј Станишев.
Toj oчекува повторно да се сретне со двајцата премиери на состанокот пред Самитот во Брисел, закажан за 28 јуни.