Партијата на Георгиевски тврди дека пребеганите во ВМРО-ДПМНЕ не биле нивни членови

4051

Партијата на Љубчо Георгиевски се оградува од постапките на таканаречени членови кои на прес-конференции се изјаснуваат дека ја напуштаат ВМРО-Народна партија и преминуваат во ДПМНЕ, соопшти ВМРО Народна партија.

– Ниту е прв, а ниту последен пат некогаш владеачката, а сега опозициската ДПМНЕ да прави таканаречени диверзии со некакви членови кои ниту се појавиле во ВМРО-Народна партија ниту фигурираат во архивските списи како членови. Со ваквите неартикулирани постапки ДПМНЕ само го покажува стравот од силна ВМРО-Народна партија, особено сега кога членството и сите општински комитети се активирани во своите општини работејќи на подобрување на условите за живеење преку разни програми, пишува во соопштението.

Партијата апелира до сите членови, симпатизери и гласачи да не наседнуваат како што велат, на ваквите провокации и ситни испади на опозициската ДПМНЕ бидејќи станува збор за веќе видено сценарио особено во моменти кога ДПМНЕ јавно го манифестира стравот од зајакнувањето на ВМРО-Народна партија.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...