Кандидатите за градоначалници на бугарската владејачка ГЕРБ, чиј лидер е премиерот Бојко Борисов, освоија најмногу гласови во првиот круг на локалните избори што се оддржаа денес.
Прелиминарните изборни резултати покажуваат дека кандидатите на ГЕРБ веќе се избрани за нови градоначалници во Бургас (Димитар Николов), Велико Трново (Даниел Панов), Монтана (Златко Живков), Стара Загора (Живко Тодоров), додека се уште неизвесно е дали во Варна ќе се оддржи втор изборен круг.
ГЕРБ води и во Варна, Ловеч, Ќустендил, Перник, Благоевград, Смолјан, Вратца, Габрово, но и во главниот град Софија, каде досегашната градоначалничка од редовите на ГЕРБ Јорданка Фиданкова ќе влезе со предност во вториот круг наспроти Маја Манолова, поддржана од опозициската БСП и националните партии.