Партијата за движење на Турците на избори ќе оди со СДСМ

313

Централното Собрание на Партијата за движење на Турците денеска одржа состанок во Скопје во врска со престојните предвремени парламентарни избори, закажани за 12 април.

– Централното Собрание на ТХП едногласно донесе одлука за предизборна коалиција со Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, додека за кандидат за пратеник е избран Претседателот на партијата Енес Ибрахим, кој ќе биде номиниран на 6 место во 5 изборна единица – велат  од партијата.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...