Централното Собрание на Партијата за движење на Турците денеска одржа состанок во Скопје во врска со престојните предвремени парламентарни избори, закажани за 12 април.
– Централното Собрание на ТХП едногласно донесе одлука за предизборна коалиција со Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, додека за кандидат за пратеник е избран Претседателот на партијата Енес Ибрахим, кој ќе биде номиниран на 6 место во 5 изборна единица – велат од партијата.