Тренерот на Вардар, Роберто Парондо по победата над Веспрем вечерва во финалето на „Фајнал фор“ турнирот во Келн изјави дека ова е неверојатен резултат за клубот и се заблагодари на играчите и раководството.
– За секој кој се разбира од ракомет, можам да кажам дека ова беше одличен турнир. Им честитам на Веспрем, играа многу добро и цврсто, но само еден тим можеше да победи. Немам зборови за моите момци и за нивниот подвиг. Им благодарам на играчите, на клубот, се беше неверојатно – изјави Парондо на пресот по мечот.
Стојанче Стоилов, капитенот на Вардар, честиташе на фер играта на тимот на Веспрем вечерва и за добриот натпревар.
– Не сакам да зборувам многу сега бидејќи сум преполн со емоции од победата, ова беше тешка година со среќен крај. Ова беше одлична недела за нас и мојата земја, Република Македонија – рече Стилов, кој со тоа го корегираше портпаролот на ЕХФ, откако Вардар беше претставен како шампион на Северна Македонија.