Парондо: Го принудивме Рајн Некар да прави грешки

67

Тренерот на Вардар, Роберто Парондо, по победата на „црвено-црните“ со 27:30 против Рајн Некар во Лигата на шампионите, изрази задоволство од прикажаната игра на ракометарите, за кои кажа дека го натерале противникот да греши.

– Среќен сум што успеавме да победиме. Никогаш не знаете како ќе изгледате во првиот меч по долга пауза. Затоа ни требаше оваа победа. Одигравме квалитетно. Почнавме добро од првиот напад и едноставно го принудивме тимот на Рајн Некар да прави грешки. Тоа ни даде резултат и ни ја донесе оваа важна победа, прокоментира Парондо по мечот.

Вардар ја оствари седмата победа сезонава и се зацврсти на второто место на табелата во групата „А“, кое носи послаб противник во елиминациската фаза.

Следниот натпревар во Лигата на шампионите Вардар го игра на 16. февруари против Веспрем во СЦ „Јане Сандански“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...