Тренерот на Вардар, Роберто Парондо после ждрепката за полуфиналните дуели од „Фајнал фор“ турнирот во Келн и добивањето на Барселона за ривал, фаворитската улога во дуелот ја препушти на Шпанците.
Шпанецот сепак смета дека во Келн нема што да се загуби.
– Игравме со Барселона двапати сезонава. Можеби ова е трета среќа. Тие се фаворити, не само на нашиот дуел туку и на „Ф4“ турнирот. И не само поради квалитетот туку и традицијата. Ние ја остваривме целта се пласиравме на „Ф4“ турнирот. Сега нема што да загубиме, одиме да играме и да се надеваме на добра резултат. Барселона има добра екипа. Тоа го знаеме сите. Вардар ќе се подготвува максимално за овој настап – изјави Парондо, цитиран од сајтот на скопскиот тим.
Натпреварот меѓу Вардар и Барселона е закажан за 1 јуни.