ДУИ и принципиелност = Рада и права коса.
***
Кога Мијалков бара од членови на ДИК да гласаат како што ѝ одговара на партијата – тоа е корумпираност.
Кога Шеќеринска го прави истото – тоа е принципиелност.
Што значи дека воопшто не се исти. Едниве имаат поголеми познавања од областа на семантиката.
***
Понекогаш ме фаќа паника за мојата и за иднината на моите сограѓани, ама тогаш ќе ми текне дека Алекс Ружин е советник во влада и одма ми се зголемува паниката.
***
Првиот орален секс на овие простори се случил кон крајот на 1945-та, пошо пред то сме немале јазик.
***
Ако не постои македонски јазик, тогаш Бојко потпишал празен лист хартија наместо Договорот за добрососедство.
***
Дневник на непознат партизан, 11 Октомври ’41, ова време…
Сабајле ги пукнавме првите пушки.
Сега сме без муниција.
Тито уште ме нема измислено.
Дали постојам?!
***
Зошто пукнале пушките на 11 октомври 1941?!
За да го означат почетокот на продолжениот викенд.
***
На крај ќе испадне дека на 11 октомври 1941 почнала ловната сезона во Прилеп и во Куманово.
***
Уствари Бугарите биле на студии овде.
Затоа и се задржале 4 години.
***
11 Октомври – денот на востанието против неидентификуван фашистички окупатор.
***
Демек „смарт“ контејнериве, а не знаат да го соберат ѓубрето што им го оставиле пред нив.
***
Смарт контејнери, шкарт функционери.
***
Is it a bird…Is it a plane?
It’s a flying арачиновец.
***
Жителите на Арачиново: „Ни ветија дека 300 пилоти ќе вработат од Арачиново.“
А кај ќе најме 300 авиони, марка Голф?
***
Жителите на Трпејца: Ни ветија дека ќе вработат 300 морнари во новата подморница во Охридско Езеро.
***
Да се толкави фраери Некст Тајм, па во следниот спот нилски коњ да јаваат, рака ќе им пуштам…
***
Јас колку шо водам евиденција, на Некст Тајм уш „Тинке Катинке“ и „Чудна жена беше Вера“ им останаа за преработвење.
***
Јас сум ковач на сопствената среќа.
Ама пошо не знам да ковам, немам ни среќа.
(Фејсбук статуси на Иљче Затаракоски, познат охридски мрчатор)