ПАР(Л)АМУДЕЊЕ Порано: Уште пивово и бегаме. Денес: Уште датумов и апсиме!

Димитров: „После датумот следува пресметка со криминалното подземје“. Или, шо би рекле сtудентите: после сесијава почвам да учам за озбилно.

3422

После датумот ѓубрето само ќе скока во корпа, а Македонија сама од себе ќе стане правна држава.

***

„Влошено психичкото здравје на Катица во притвор“. Оф душичка, сигурно се нервират за пропаднатите предмети на СЈО.

***

Катица во притвор со нарушено психичко здравје, Бети Канчевска Милеска на чело на локомотивата што нѐ носи во Европа.
Ој животе, точак без педали.

***

Сега откако Бујар Османи го исконтролира спроведувањето на двојазичноста во болниците, пациентите ќе можат на два јазика да кажат дали сакаат да ги испее оџа или поп.

***

Викендов Бујар Османи во инспекција низ дискотеките ширум земјава. Ќе проверувал дали таблите се двојазични.

***

Додадов албанска тастатура на телефон. Го очекувам господинот Бујар Османи да направи инспекција.

***

Пред да легнам, сакав само да го известам господинот Бујар Османи дека ќе сонувам двојазично.
Naten e mire.

***

Денес е меѓународниот ден на демократијата.
Кај нас секогаш се паѓа во недела, пошо тука демократијата не работи.

***

После 17 години се исполни ветувањето на Бранко дека секое семејство ќе има по еден вработен.
Само што вработениот е во странство.

***

„Привршуваат подготовките за рушење на охридските дивоградби“.
Да, да, завршија со кондиционите, сега уште тактички да се спремат.

***

Среќа Македонија не е цела, з’ш така парламентот ќе беше во Солун и цел буџет ќе одеше на патни трошоци за Мира и колегите паразити.

***

Уш малку ќе им завршит мандатот на СДСМ, а Дарио уште немат објавено албум.

(Избор ФБ постови на авторот, познат охридски мрчатор)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...