На прав пат.
Политичарите со мерцедеси, граѓаните пешки.
***
Овој слоганов „На прав пат“ Мира ви го смисли или Кирацо?!
***
Стигнува плата.
Јас: Оооо, повелете влезете…
Платата: Нема потреба, на поминување сум.
***
Каракамишева плачит по свадби, мене ми се плачит ко ќе го отворам новчаников пред плата.
Тие сме емотивците во државава…
***
Многу ми е криво шо Владо Јаневски уште не е влезен во политика.
Пошо на толку крадење туѓи песни, најмалку до министер ќе имаше истерано.
***
Глобалното затоплување е проблем.
Глобалното затупување е поголем проблем.
***
Сакав да ставам ѕвонче на точаков, ама пошо се возам низ Скопје, заклучив дека Узи ќе ми брка повеќе работа.
***
Честит именден на трите врби во Вардар и на уште едно поголемо дрво од нив, специјалниот советник за странски инвестиции, г-нот Љубе Бошковски.
***
A friend from Budapest has posted a novel on his wall…
(Избор ФБ постови на авторот, познат охридски мрчатор)