Парламентот на Украина одби да ја прифати оставката на премиерот Владимир Гројсман.
Оставката ја поддржаа само 97 пратеници, а беше неопходен минимум од 226 гласа.
Според законот, оставката на премиерот води до оставка на целата Влада. Владата, чија оставка парламентот претходно ја прифати, продолжува со работа до назначувањето на новиот кабинет.
Претседателот на Украина, Владимир Зеленски претходно изјави дека ќе ја распушти Врховната Рада. Тој исто така го повика Кабинетот да направи место за нови генерации. Предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 21 јули.