„Паркови и зеленило“ му викна пајак на нивен вработен кој паркирал во парк ФОТО

3046

Јавното претпријатие на Град Скопје „Паркови и зеленило“ на социјалните мрежи се пофали дека започнуваат со нова акција – ќе му викнат пајак на секој кој ќе го остави возилото во парк, без разлика кој е. Утрово тоа му го направиле на нивен вработен.

„Не се парковите за паркирање, туку за уживање! Периодов започнавме со нова акција. Ако се паркирате на зелените површини кои ги одржуваме и бидете забележани од нашите екипи, знајте дека набрзо ќе пристигне пајак-служба. Не ни е важно на каква позиција сте, дали сте шеф, раководител или работник. Вие сте граѓанин кој ја загрозува животната средина. Утрово всушност, после реакција на посетител на паркот, ние викнавме пајак-служба и за наш вработен на пунктот Градски парк. Сите сакаме зелен град. Можеме сите и да придонесеме!“, порачаа од „Паркови и зеленило“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...