Европскиот шампион во карате Емил Павлов вечерва беше свечено пречекан во големата сала во Општина Штип. Градоначалникот, Благој Бочварски, му додели ваучер на Павлов во вредност од 50.000 денари и рачен часовник.
– Сакам во мое име и во име на Општина Штип да му го честитам овој успех на нашиот сограѓанин Емил Павлов и да го поттикнам да продолжи со макотрпната работа и да не радува со нови успеси. Општина Штип ќе биде партнер на сите спортисти и спортски клубови кои за возврат нѐ претставуваат во вистинско светло – рече Бочварски.