Паричката кај Шекеринска, Дескоска и Мицкоски

515

На бадниковата вечера паричката во семејството на премиерот Зоран Заев паднала во делот за работа и работните ангажмани.

Од министрите најмногу среќа имале министерката за правда Рената Дескоска и министерката Радмила Шекеринска.

Лепче со паричка се делело и во домот на министерот Оливер Спасовски, а најсреќна била помалата ќерка Анастасија. Кај министерот за здравство Венко Филипче, по делбата на бадниковото лепче, паричката ја добила неговата сопруга Ана.

Во семејството на вицепремиерот Анѓушев, паричката се паднала кај Бога.

Паричката од бадниковото лепче и годинава ја добил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој е најсреќен во неговото семејство шеста година по ред.

Кај координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, паричката се паднала во делот за домот. Во домот на министерот за транспорт Горан Сугарески, лепче со паричка ќе се дели на Василица.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...